1 чекор … Позајми ја колата на другар ти, татко ти или било кој во твоја околина со модел кој блеска и ќе ви ја подари стартната самодоверба, ако немаш таков фактор во твојот живот моли, кукај или заложи го својот дроб( не на алкохол).Паркирај директно пред врата на ќафиќо за да може сите наредни посетители да се утепаат и да го забележат Вашето превозно средство.
2 Чекор … Влезиии во Big entrance appeal и не заборавај да го наместиш својот “објект” забележително и пред очите на целокупната сеуште непијана јавност. Стационирај се до шанк, нарачај JACK со пиво од страна. JACK-ooo нека стои, да се видииии….. Пиво може уште едно!!!
3 Чекор…Лоцирај група на шмизли, не е тешко се движат во јато… Фокусирај се на нивниот структурен менаџмент. По 5 минутна анализа ќе дојдеш до следниов заклучок, ALFA- шмизлата е лоцирана во центарот на кругот свртена спроти влезот( т.е нема потреба да се замара за новите visitors з`с верува во себе и нејзината привлекувачка моќ. Останатите нејзини поданички се дел на тимот на маркетинг и истражување…. Едната ја смее за цело време да и е забавно. Други две снимаат се што се дешава лево и десно, и последната со поглед ги лови потенцијалните жртви!!!(PR).
4 Чекор… Го местиш твојот JACK, пред нејзиното видно поле, ја буљиш алфа шмизлата директно во очиии, и заводливо и се смешкаш на другарка и шмизла ( задолжена за PR-активностите во компанијата).
5 Чекор.… Идеш храбро и самоуверено кон PR-шмизлата( овој пат без да си го местиш “објектот”) и најнормално смести се до неа… Не заборавај грбот да ти биде свртен во спротивна страна од алфа-шмизлата….
6 Чекор… Имаш фаца ко да ја гледаш жената на твојот живот, и целосно и го посветуваш твоето внимание ( на PR-шмизлата).
7 Чекор…Овде веќе може да се раскомотиш и да ги оставиш работите да си идат сами по свое. Ќе бидеш сведок на несовладливиот гнев на алфа шмизлата која не го добила твоето( сега драгоцено внимание)….Ќе се искористат различни постапки и алтернативи- ќе ја испрати твојата шмизла по пиење, ќе ги испрати другите шмизли да ја однесат во ве-це ( кардинално правило кај женскиот род- не се иде сам… Само царооо идел пешки а не и царицата. МИСЛАМ … helllooou!!!)
8 Чекор… Гледај ја ко да е подоле од другарка и…т.е обавезно биди вол со неа ( тука може и да ја утврдиш теоријата на константен реципроцитет кој е апсолутно градуален и кумулативен… Колку ти си поголема сероња,,,, толку шмизлата повеќе ќе те сака… Искрено жалам за оваа констатација
9 Чекор… И кажуваш дека ти е досадно и ќе си идеш…. Шмизла ќе трча по тебе накај влезот…. Нели ти веќе твојот дроб ( пардон твојот позајмен автомобил) го држиш на излог надвор…. Не и отвараш врата…
10 Чекор…. Кај да те оставам???!!!—
11 Чекор... најнормално дека е со тебе, од овде ИЗВИНИ ама не можам да продолжам сепак ќе ја ценам твојата оргиналност….
P.S Не очекувај нешто повеќе, сепак нејзините поданици веќе ја провериле твојата финансиска состојба!!!!
Извор :
Шмизла