Конзулски Форум

Новости:
 
*
Добредојдовте Гостин. Ве молам пријавете се (log in) или зачленете се (register).
Дали сте го изгубиле Вашиот активационен e-mail?
09, 2010, 19:08:58


Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија.


Страници: 1 ... 11 12 [13]
  Штампај  
Автор Тема: Што направил (створил) Мухамед ?  (Прегледана 4029 пати)
0 Члена и 1 Гостин Прегледај ја оваа тема.
Тренчевски
Генерал
******
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 3750


I was born intelligent but education ruined me.


« Одговор #180 на: 22, 2010, 03:57:24 »

На ова носот и се гледа, да не и го секоја по казна ?
Пријавен




al^islam
Мајор
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 225



« Одговор #181 на: 23, 2010, 17:24:50 »

40,000 Белгијци преминале во Ислам

--------------------------------------------------------------------------------



40,000 Белгијци преминале во Ислам






Сè повеќе и повеќе Европејци го прифаќаат Исламот. И покрај изразениот антиисламизам кои буи низ Европа илјадници Европјани одлучно влегуваат во Ислам. Таква е и ситуацијата во Белгија каде во текот на последните години илјадници жители го прифатија Исламот. Белгискиот магазин Losewar во последниот број донесува поопширна статија за Белгијците кои го прифатиле Исламот.

Текстот кој насловен “Преку 40 илјади Белгијци во текот на изминатите години го прифатиле Исламот“ детално ја обработува оваа тематика со посебен осврт на новите муслимани од Брисел, главниот град на Белгија. Брисел е град со најголем процент на жители во изминатите неколку години кои прифатиле Ислам во однос на другите Европски градови.

Белгијците кои го пригрлиле Исламот, првенствено истакнуваат дека причина за нивното отфрлање на христијанството и прифаќање на Исламот е тоа што во Исламот помеѓу Бога и човекот нема посредник, те чистотата на моралниот живот, за кој денес пати западниот европски свет.

Заради големиот број на Белгијци кои примиле Ислам, екстремните десничари преку неколку пишани и електронски медиуми покренаа голема кампања, напаѓајќи ги нормите и карактеристиките на Исламот. Со истата намера и минатата година некои белгијски медиуми покрај останатите европски медиуми интензивно известуваа за Белгијанката која откако го прифатила Исламот отишла во Ирак каде извршила бомбашки напад.

На таков начин се обидува Белгијанците кои го прифатиле Исламот да се претстават како опасни терористи. Меѓутоа, белгиската влада овозможува очекувана соработка со сите Белгијци кои примиле Ислам. Белгиската влада помага околу основање на Колегиум на Исламски вакуфи, на чие чело ќе биде д-р Јасин Бејан, кој пред неколку години прими Ислам. Белгија има десет милиони жители, од кои 450 илјади се муслимани
Пријавен
al^islam
Мајор
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 225



« Одговор #182 на: 23, 2010, 17:27:20 »

Зошто Холанѓаните го прифаќаат исламот?

--------------------------------------------------------------------------------

Од Холандија во последниве години, кога станува збор за исламот, претежно слушаме приказни или вести за напад на исламот, и слично.

Меѓутоа, Холандското друштво има и други искуства со исламот. Имено, познато е дека многу Холанѓани последниве години го прифаќаат исламот. Токму поради оваа појава говори и репортажата на Радио Холандија низ приказната на Јаков ван Блом и неговата сопруга Стефани. "Јаков ван Блом е роден Ротердамец, има сини очи и црвеникава брада. Пред неколку години, го прифатил исламот. Тој кажува дека луѓето прават големи грешки кога кон Исламот гледаат како на странска култура која нема ништо со Холандија. „Ако ја одделите сржта на оваа вера од културните наследства, ќе останете во преубава вера која е вистина за сите ", вели Јаков, додавајќи: „Јас пораснав како христијанин, но секогаш имав свое мислење и теории. Во исламот, го открив она што отсекогаш сум барал и верувал. " Неговата сопруга Стефани е родена Гркиња, а претходно била член на Грчката православна црква.



Кога нејзиниот сопруг, Јаков го прифатил исламот, силно се спротивставила. „Кога мојот сопруг го прифати исламот, си помислив дека е луд, зошто за исламот знаевме од медиумите кои исламот го претставуваа на многу лош начин. Меѓутоа, кога почнав да го истражувам малку подобро и учам за исламот, моите чувства се променија. " Набргу по Јаков, и Стефани со драго срце го прифатила Исламот. На крајот се наведува и ова мислење на Јакоб ван Блом: „Стравот од Исламот, кои некои го чувствуваат тука кај нас, доаѓа примарно поради недостаток на информации. Овде во Холандија, ние не ги знаеме дури и основните поими за Исламот. Исто така, за исламот, не знаат ништо ни во нашата влада, ниту во безбедносните служби


http://img41.imageshack.us/img41/4548/holu.png
Пријавен
al^islam
Мајор
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 225



« Одговор #183 на: 23, 2010, 17:31:44 »

Полјакинка преминала во Ислам






Во џамијата во Тржац во петокот е одржана свеченост. Пред бојните верници и имамот на џемаатот на Меџлисот на Исламската заедница и Бихачки муфтија, Полјакинката Karolina Schesny јавно го прифати Исламот, изговорувајќи ги зборовите на шехадетот и причините за своето преминување на новата вера. Полјакинката Каролина која живее во Германија и работи како медицинска сестра, прифаќајќи го Исламот, своето досегашно име го смени во Медина. „Јас само малку го запознав Исламот, но веднаш сфатив дека е тоа вера по мерка на човекот, дека е чиста, толерантна, дека е за мир помеѓу луѓето и дека шири љубов. Го прифаќам Исламот бидејќи Библијата не е оргинална, бидејќи таа да беше оргинална сите ќе бевме муслимани. Јас денес сум многу среќна и им благодарам на сите кои се сведоци како и јас, Медина. Од денес одам по новиот пат, пат кој води кон џеннетот“ истакнува Медина.


Упатство за живот

Свечената изјава за преминувањето на Ислам, Медина ја дала пред бројните верници и имамот. Честитајќи и на Медина имамот и порача да се чувствува среќна, бидејќи ќе учи за Исламот кој дава комплетно упатство за живот и дава одговори на сите прашања од секој сегмент од животот. Овој денешен чин, оваа свеченост е важна за сите нас, но најважна е за Медина,нашата сестра во верата, бидејќи таа од денес на некој начин го менува комплетно целиот свој живот, врти нова страница во животот и јас во име на меџлисот и сите верници и честитам.“ нагласува имамот на Меџлисот на Исламската заедница Чазин Саид Мујаковиќ. „Интелектуалци ширум светот секојдневно прифаќаат Ислам, и тоа најповеќе благодарејќи на дружењето нашите браќа кои живеат и работат ширум Западна Европа. Бидејќи тие го претставуваат Исламот и зависно од тоа како се однесуваат такво мислење ќе имаат и луѓето за Исламот и од тоа ќе зависи колку ќе има вакви свечени настани каков што е овој денешниов“, истакнува на крајот Бихачкиот муфтија
http://img406.imageshack.us/img406/540/medinaaapoljakinja.jpg
Пријавен
al^islam
Мајор
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 225



« Одговор #184 на: 23, 2010, 17:40:15 »

<a href="http://www.youtube.com/v/754R1qXcL1w" target="_blank">http://www.youtube.com/v/754R1qXcL1w</a>

Angela Collins  прима ислам  
експлузивно  топ вести
вреди да се погледни оваа клипце
Пријавен
Тренчевски
Генерал
******
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 3750


I was born intelligent but education ruined me.


« Одговор #185 на: 23, 2010, 18:43:30 »

Да да, за жал секој ден се повеќе луѓе тргнуваат кон полесниот и правиот пат, едно е сигурно, ќе дознаат каде ги води.
Пријавен




al^islam
Мајор
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 225



« Одговор #186 на: 24, 2010, 20:09:33 »

голем број на германци преминуваат во ислам

<a href="http://www.youtube.com/v/om544yS8_OA" target="_blank">http://www.youtube.com/v/om544yS8_OA</a>
Пријавен
al^islam
Мајор
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 225



« Одговор #187 на: 24, 2010, 20:11:10 »

<a href="http://www.youtube.com/v/dLu8Vk8e4Qs" target="_blank">http://www.youtube.com/v/dLu8Vk8e4Qs</a>
Пријавен
al^islam
Мајор
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 225



« Одговор #188 на: 24, 2010, 20:14:18 »

<a href="http://www.youtube.com/v/qrZFBAgw_UQ" target="_blank">http://www.youtube.com/v/qrZFBAgw_UQ</a>
Пријавен
Ive
Генерал
******
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 928



« Одговор #189 на: 24, 2010, 23:16:20 »

остана некој христијанин? гледам СЕ премина во муслиман...
Пријавен
Тренчевски
Генерал
******
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 3750


I was born intelligent but education ruined me.


« Одговор #190 на: 26, 2010, 02:30:25 »

Нинџи колку сакаш
Пријавен




al^islam
Мајор
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 225



« Одговор #191 на: 10, 2010, 19:01:56 »

evee i eden svestenik od hristijanska  veroispoved  ;







Како поранешен свештеник на една христијанска црква, чувствувам како своја обврска да го осветлам патот на сите оние кои сè уште талкаат по темнината.
Откако го прифатив Исламот, чувствувам потреба да им помогнам на оние кои досега не ги огреало сонцето на исламот.
Му благодарам на Семоќниот Аллах што ми се смилува и Кој ми овозможи да ја сознам убавината на Исламот онаков, каков го учел Пратеникот Мухамед, салаллаху алејхи ве селлем, и неговите следбеници кои биле на вистинскиот пат.

Само со Аллахова милост човек добива вистинско упатство и можност да го следи вистинскиот пат, кој води кон успех на овој и идниот свет.
Му благодарам на Аллах за неговата добрина, на која ми укажа, кога ми овозможи да се сретнам со Шејхот Aбдуллах бин Aбдуллазиз Бин Баз, кој ми помогна при прифаќањето на Исламот.

Непроценливо е знаењето со кое тој ме научи по халките (собирите).
Имаше многу луѓе кои ми помогнаа со знаење и охрабрување. Како не би изоставил некој, нема никого да споменувам по име. Му благодарам Семоќниот Аллах, за секој брат и сестра, за кои Тој дозволи да играат одредена улога во моето сознание и мојата конверзија во Исламот.

Го молам Бога ова кратко излагање да биде од корист за сите нас.

Се надевам дека христијаните ќе ги увидат чудните верувања кои преовладуваат во христијанството. Одговорите на проблемите на христијанството не можат да бидат најдени во самите христијани, што повеќе, тие се причините на тие проблеми. Исламот е решение за проблемите од кои страда христијанството, како и проблемите со кои се соочува таканаречената "вера."
Аллах сите нас да нè упати и награди сходно според нашите намери,
Абдулах Мухамед ел Фарук е-Ta'иф

Како мало дете бев покренат, одгоен со длабок страв од Бога. Црквата уште тогаш веќе стана дел од мојот живот, јас делумно сум покренат од мојата баба, која беше протестантски фундаменталист. Веќе до шестата година ги знаев сите благодетти кои ќе ме чекаат во Рајот, ако бидам добро дете, и казните во пеколот кои ги очекуваат децата кои ќе бидат непослушни.
Мојата баба ме учеше дека сите лажговци ќе одат во Огнот каде засекогаш ќе горат. Мојата мајка работеше две работи. Затоа немаше многу време за нас, но секогаш ме потсетуваше на она што ме учеше баба ми. Мојот помал брат и постарата сестра, не ги земаа баш сериозно предупредувањата што се однесуваа за оној свет, како што тоа со мене беше случај. Се сеќавам кога би видел полна месечина, која би имала црвеникава боја, почнував да плачам, бидејќи тоа е еден од знаците на Судниот ден, дека месечината ќе биде црвена како крв.
Како oсумгодишно дете имав таков страв од тие знаци на Судниот ден, што постојано имав кошмари. Нашата куќа стоеше во близина на патот каде што минуваа камиони. Ни железничката пруга не беше многу оддалечена.
Се сеќавам дека бучавите и сирените на локомотивите кои често ме разбудуваа, па затоа често си мислев дека веќе сум умрел и повторно сум проживеан, откако е дувнато во рогот, трубата. (од ангелот Исрафил, кој ќе го нагласи оживувањето).
Овие учења беа врежани во мојата глава, со комбинацијата на усмените учења и читањето на детските библиски книги.
Секоја недела, одевме во црква, облечени во нашите најдобри костуми. Нашиот дедо нè возеше до црквата. Во црквата секогаш останувавме подолго време, доаѓавме околу 11 часот, а одевме дома околу 3 часот попладне.
Се сеќавам, дека понекогаш ќе заспиев во крилото на бабами од умор. Мојот дедо не одеше во црква, тој беше делумно неподвижен од инфакртот кој го преживеа. Овој период беше еден од најважните за мојот развој.

Враќање во христијанството

Фактот дека не морам да одам во црква за мене претставуваше олеснување, но од време на време, чувствував потреба да одам таму. Со 16 години почнав да одам во црква, каде што таткото на мојот пријател беше свештеник. Тоа беше една мала црква, каде што единствени членови беа, семејството на мојот пријател, јас и уште понекој пријател од училиште. По неколку месеци црквата беше затворена.
Откако го завршив средното училиште и почнав со студирање, повторно почнав со верските активности. Интензивно се продлабочив во протестантските учења. По некое време, повторно бев покрстен и “исполнет со Светиот дух“, како што тогаш тоа се нарекуваше. На универзитетот набрзо станав "гордост на црквата." Во мене сите гледаа надеж, и бев среќен што повторно бев назад “на патот кон спасението. "
Во црквата одев, веднаш штом вратата ќе се отвореше. Понекогаш со денови и недели не ја кревав главата од проучувањето на Библијата. Одев на предавања што ги одржуваа христијанските научници. Со дваесет години станав христијански свештеник.
Почнав да одржувам црковни миси и станав многу познат. Во своите ставови бев многу ексклузивен, бев со убедување дека никој не може да се спаси, ако не се приклучи на мојата христијанска заедница. Го сметав за изагубен секој кој не одеше по истата патека како мене. Бев убеден дека Исус Христос (нека е Аллахов мир врз него) и Семоќниот Аллах е едно те исто. Тогашната христијанска заедница, во која бев не веруваше во тројството, туку дека Исус (нека е Аллахов мир врз него), беше и Отецот и Синот и Светиот Дух. Ова учење ни самиот никогаш не сум го сфатил.
Го почитував облекувањето на жените и благочестивото однесување на луѓето. Ми се допаѓаше и тоа што жените треба да се облечени во облека што ги покрива. Жените не ги "мачкаа" своите лица со шминка и се носеа како вистински претставнички на Христос. Бев убеден, без најмало сомнение, дека јас конечно го пронајдов вистинскиот пат до вечната среќа.
Бев подготвен да разговарам со било кој друг од другите христијански секти, кои имаа други назори, и со своето знаење од Библијата можев да ги "замолчам". Иако се чувствував сигурен на вистинскиот пат, дел од мене е сé уште бараше. Чувствував дека мора да има поголема вистина од оваа.

Кога осамував, се молев на Бога да ме води кон вистинската вера, и да ми прости, ако некаде грешев.

Никогаш не сум имал контакт со муслимани. Некои луѓе кои за себе тврдеа дека се муслимани, следбеници на Елија Мухаммед, т.н. „Црни муслимани". Помеѓу крајот на седумдесеттите, лидерот на оваа група, Луис Франклин, сакаше да го зајакне движењето. Еднаш отидов да го слушам, и тоа беше настан кој потполно го промени мојот живот. Никогаш во животот не сум слушнал друг црн човек како кажува на начин како што тој го правеше. Веднаш сакав да организирам состанок со него и да се обидам да го свртам во својата вера. Го сакав мисионерството, надевајќи се дека можам да најдам луѓе кои дозволуваат да се спасат Огнот, без разлика кои се.
Откако го завршив факултет, почнав да работам како свештеник целото време. Следбениците на Елија Мухаммад ги гледав со почит, бидејќи вршеа обиди да го ослободат црниот човек од злата кои го уништуваа. Почнав да купувам од нивната литература, со цел на тој начин да им помогнам и со надеж дека ќе започнам со нив дискусија. Посетував и нивни предавања како би дознал во што тие веруваат. Колку тие и да беа искрени, не можев да ја прифатам идејата дека Бог е црн - она во што тие, веруваа. Не се согласував со нив, како тие ја изопачуваа Библијата, за да потврдат некои свои мислења. Добро ја познавав Библијата, ми пречеше начинот на кој тие ја интерпретираа на свој начин. Јас ги имав посетувано школите каде што Библијата се предаваше и изучуваше и станав доста добро познат во тие кругови.

По шест години, се преселив во Тексас. Таму станав член на две цркви. Свештеникот на едната од нив беше млад, неискусен и не беше многу учен. Моето знаење за христијанските книги во тоа време веќе беше неизмерно, бев опседнат со учењето на Библијата. Моето знаење беше поголемо од знаењата на тој свештеник, но како знак на почит се приклучив на црквата во другиот град, каде што би можел да научам уште повеќе. Овој другиот свештеник во другиот град беше многу поучен. Беше голем учител, но имаше некои идеи, кои не беа во согласност со учењата на мојата група. Исто така, застапуваше некои либерални ставови, но јас и понатака сакав да одам на неговите предавања.

Наскоро ја научив најважната лекција на мојот христијански живот, а тоа е дека "не е злато сè што сјае". И покрај својот надворешен изглед, злото беше вгнездено во местото каде што никогаш не би претпоставил - во црквата. Овие зла, ме индуцираа да размислувам подобро на некои работи, и потоа почнав да ги преиспитувам учењата на кои им бев посветен

Добредојдовте во реалниот свет на црквата

Наскоро сфатив дека голема љубомора владее внатре во рамките на црквената хиерархија. Нештата беа поинакви од оние на кои јас навикнав. Жените се носеа на начин, на кој јас мислев дека е срамен. Луѓето се облекуваа само со цел да го привлечат вниманието на втората половина. Сфатив дека на прво место на црковните активности, секогаш стоеа парите и алчноста. Ми беше кажано дека, ако црквата нема одреден број на членови, не треба да го губам времето по мисите, бидејќи нема да го добијам доволниот паричен надоместок за тоа. Јас одговорив дека не работам за пари, и дека ќе продолжам да одржувам миси, дури и ако, само еден член биде присутен, да ме слуша. Ова предизвика неволја.

Ми стана јасно дека парите, моќта и позицијата за нив беа поважни отколку учењето на Библијата! Бидејќи добро ја проучив Библијата, знаев дека во неа има грешки, контрадикторности и измислици.
Сметав дека беше време на луѓето да им се донесе вистината за Библијата. Но, тоа изнесување на вистина се сметаше за сотонска работа. И покрај тоа почнав јавно да им поставувам прашања на моите учители, на кои ниту еден од нив немаше одговор. Ниту еден од нив не можеше да објасни како Исус може во исто време да биде Таткото и Синот и Светиот Дух. Како тие три во исто време може да бидат и три и едно. Неколку свештеници ми признаа, дека дури и тие самите не можеле тоа да го разберат, но им рекле дека едноставно од нив се бара да веруваат во тоа.
Случаите на блуд и прељуба никогаш не биле санкционирани. Некои свештеници беа на дрога, уништувајќи ги така своите животи и животите на своите семејства. Водачите на некои цркви беа хомосексуалци. Дури имаше и такви кои правеа блуд со млади ќерки на членовите од црквата. Кога сето ова се земе во предвид, тогаш не е зачудувачко, што моите обиди да добијам вистински одговори беа осудени на пропаст. Сето тоа се смени кога прифатив една работа во Саудиска Арабија

Нов почеток

Набрзо откако дојдов во Саудиска Арабија, ја видов разликата во начинот на животот на муслиманите. Тие се разликуваа од следбениците на Елијах Мухаммед, до таа мера што муслиманите таму беа со сите бои и различни националности. За многу брзо во мене се разбуди желбата да дознам што повеќе за оваа вера.

Бев воодушевен со животот на Божјиот Пратеник, мирот да е над него. Побарав книги од еден муслиман, кој беше активен во даветот (повикувањето во Ислам). Колку книги и ќе посакав, ми даваше. Секоја од нив, ја прочитав. Кога го добив Куранот, го прочитав неколку пати за четири месеци. Секогаш кога имав прашање, добивав задоволителни одговори.
Ми се допадна и тоа, што никој од муслиманите колку и да знаеше не се фалеше на своето знаење. Ако некој од нив не знаеше одговор, едноставно ќе ми речеше дека сега не знае, и дека ќе праша некој кој знае. Секој следен ден секогаш ми ги носеше посакуваните одговори. Приметив како скромноста игра една голема улога во животите на овие луѓе.

Во исламот ми се допадна и тоа што жените, мора да бидат покриени "од глава до пети“, и фактот дека нема никаква хиерархија, и тоа што никој не се бореше за некаква "столица".
Сето ова беше убаво, но како можам да го отфрлам верувањето кое го имав уште од самото детство? Што е со Библијата?
Знаев дека во неа се наоѓаат и вистини, иако безброј пати е менувана и исправана.
Тогаш добив една видео касета со дебата помеѓу Шеик Ахмед Дидат и свештеникот Џими.
Откако ја догледав до крајот, веднаш станав муслиман.
Отидов до шејхот Aбдуллах ибн Aбдулазиз бин Баз, јавно да ја обзнанам мојата припадност кон исламот. Тука добив совети, како да се подготвам за понатамошниот пат во Исламот. Тоа го доживував како вистинско раѓање од мрак во светлина. Се прашував како христијаните кои ги знаев, ќе реагираат на мојот премин во ислам. Не траеше долго, па и тоа го дознав. Откако се вратив во САД, бев критикуван за мојата "непристојност во верата." Ми лепеа многу етикети - од "отпадник" до "предавник".

Таканаречените "цркони поглавари" им забранија на своите членови, да ме споменуваат во своите молитви. Иако ми беше малку чудно, но тоа воопшто не ми пречеше. Бев многу среќен што Семоќниот Аллах ми укажа на вистинскиот пат, и дека сè друго не беше важно.
Сега сакав да бидам добар и верен муслиман, како што бев таков, како христијанин. А тоа во прв ред значеше - учењето. Во исламот никој нема монопол на знаење - секој кој има волја и упорност е во можност да научи колку што сака. Како подарок го добив преводот на Сахих-Муслим од мојот учител по Куран. Тогаш ја сфатив потребата на учењето за животот, зборовите и делата на Мухаммед, а.с. Колку што можев да најдам хадиси на англиски јазик, ги изучував. Сфатив дека моите познавања за Библијата можам да ги искористам во повикувањето на христијаните во Ислам.

Животот за мене доби ново значење. Едно од централните сознанија на мојот нов живот како муслиман, беше, дека животот во овој свет мора да се искористи како подготовка за следниот свет. Ново за мене беше тоа што човекот ќе биде награден, дури и за своите намери. Тоа стои во контраст во христијанските учења, кои велат дека "патот до пеколот е поплочен со добри намери". Според тоа, секогаш си во загуба. Ако направиш грев, тогаш мораш да се исповедаш на попот, особено ако се работи за тежок грев како зиналукот.

Сегашност и иднина

Во еден разговор што го имав со весникот “Ел-Мединa", бев прашан за моите сегашни активности и плановите за во иднина. За сега имам цел, да го научам арапскиот јазик, и да продолжам во потрагата по знаење, што повеќе да дознаам за исламот. Вклучен сум во полето на даветот. Посебено им се обраќам на немуслиманите, кои имаат христијанска позадина. Ако Семоќниот Аллах ме поживее, се надевам дека ќе напишам повеќе на тема за компарација на верите.

Должност на секој муслиман е да го прошири знаењето за Исламот. Јас како еден човек кој има инвестирано многу време за учењето на Библијата, се чувствувам должен да им го пренесам на луѓето знаењето за грешките, бајките и измислиците, кои се наоѓаат во таа книга во која веруваат милиони луѓе.

Едно од најголемите задоволства ми подготвува фактот, што јас не мора многу да се замарам околу дискусиите со христијани, затоа што јас самиот бев професор кој ги учеше методите на дискусии со кои тие сега се користат. И во исто време познавам бројни аргументи, кои нам, на свештениците ни биле забранети да ги користиме или да ги прошируваме.

Моите дови ги упатувам на Аллах, да ни го прости нашето незнаење и да не упати на патот кој води кон Џеннет. Сите благодарности му припаѓаат на Аллах. Нека Аллаховиот мир и благослов бидат на Неговиот последен Пратеник Мухаммед, секој мир да е над него, неговото чесно семејство, неговите ахаби и оние кои го следат упатството.

Пријавен
Тренчевски
Генерал
******
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 3750


I was born intelligent but education ruined me.


« Одговор #192 на: 12, 2010, 00:50:37 »

Едно прашвајне ?
Пријавен




al^islam
Мајор
***
Надвор од мрежа Надвор од мрежа

Пораки: 225



« Одговор #193 на: 13, 2010, 20:55:32 »

najnov italijanec pod ime igor  prifaka islam intervju so nego;


<a href="http://www.youtube.com/v/nRzVlVAvXFA" target="_blank">http://www.youtube.com/v/nRzVlVAvXFA</a>
Пријавен
Страници: 1 ... 11 12 [13]
  Штампај  
 
Префрли се на:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.9 | SMF © 2006-2007, Simple Machines LLC | Македонски превод: ZokiBoSS

Valid XHTML 1.0! Valid CSS!